Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи 61-та седница на Совет на Општина Куманово во кружната сала на поранешен Комитет, на која се очекува советниците да расправаат по 32 точки на дневен ред.
Меѓу останатото советниците ќе треба да ја ратификуваат оставката на Маским Димитриевски од местото член на Совет на Општина Куманово, кој поради изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија, претходно си поднесе оставка и од претседателската функција. На негово место во улога советник ќе се најде Самет Салиевски, но откако првин советниците ќе го ратификуваат неговиот мандат.
Ќе се расправа и по одлуката за вработување на нови пожарникари, безбедноста во градот и низа други точки. Седницата ќе биде пренесувана во живо на Телевизија „Плус“ со почеток во 10 часот.
Во продолжение дневниот ред по кој ќе се расправа на седницата:
-
Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово:
-
Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2016 година;
-
Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2017 година;
-
Информација на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на второ полугодие од 2016 година;
-
Годишен извештај за 2016 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
-
Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за определување на надоместок на услуга за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас на потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција;
-
Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2016 година до 31 декември 2016 година;
-
Предлог-Акционен план за енергетска ефикасност на Општина Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2017 година за вработување на определено време на овластени лица од областа на безбедноста-пожарникари во ТППЕ-Куманово;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2017 година;
-
Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на физичко лице – имател на броило за мерење на електрична енергија во населени места каде што нема јавно осветлување;
-
Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
-
Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Одлука за измена и дополна на Одлуката за определување на ширина на крајбрежен појас на водотеците во населени места опфатени со ГУП за град Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1189, м.в. Зебарник, КО Куманово вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3716, м.в. Велешки пат, КО Kуманово вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 915, 917 и 918, м.в. Вртача, КО Довезенце – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3542 и 3543, м.в. Велешки пат, КО Куманово вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ДУП Д1- парковско зеленило во A1- семејна куќа за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 61 за КП 22484 – Општина Куманово;
-
Предлог -Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за дел од КП 26073/2, м.в. Зелен Рид, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 202, м.в. Трајчев Рид, КО Биљановце вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 252/1, м.в. Вирови, КО Јачинце – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 553/1, м.в. Црно Поле, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 432/22, м.в. Новине, КО Биљановце вон г.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 859, м.в. Ѕебарник, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1965, м.в. Преко Река, КО Шупли Камен – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 883/1, м.в. Шумјак, КО Речица – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП-Зелени површини во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ „3 МУБ“, дел од УБ 53 за КП 3693/6, м.в. Бабин Дол, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- И (Индустрија) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 77 за КП 16265/4 – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП – И (Индустрија) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 81, за плански опфат меѓу ул. „Индустриска“, граница на наменска зона, КП 1617, 16172, 16173, 16174 и 16126 како дел од плански опфат за ГУП на Град Куманово, КО Куманово – Општина Куманово.