Австралискиот фармер Бен Џексон не можел да се збогува со својата сакана поради пандемијата и мерките што се во сила во таа земја.
Loading...
Неговата тетка Деби ја загубила двегодишна битка со ракот во Квинсленд, а тој бил 400 километри подалеку во Нов Јужен Велс и не можел да се збогува со неа или да биде на нејзиниот погреб.
Сепак, Бен одлучил да се збогува со својата сакана тетка на необичен начин.
Тој положил сено на ливада во облик на големо срце, а потоа пуштил стотици негови овци да пасат, па и тие формирале форма на срце.
Сѐ снимил со дрон, а видеото го сподели на социјалните мрежи.
„Немаше шанси да стигнам таму и да ја видам, да ја поздравам или да одам на погреб“, рече тој за Би – Би – Си.
Loading...