На туристи во Будимпешта сакале да им наплатат 600 евра за кафе: Полицијата го уапсила сопственикот на локалот

Сподели со своите пријатели

Поплаките против угостителите, кои не се двоумат буквално да ограбуваат туристи, може редовно да се читаат на туристичките форуми

Loading...

Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти, кои систематски ограбуваат туристи, наплаќајќи ги по вртоглави цени.

Во паб во центарот на градот на дело биле уапсени келнери, кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти или близу 600 евра (околу 580 евра) за кафето што го нарачал. Тоа не е крајот, поради тоа одбивање му се заканиле.

Полицијата ја уапсила и сопственичката на ресторанот, како и нејзиниот син, а ќе бидат изведени пред истражен судија, пренесува Јутарњи лист.

 

 

Имено, туристот раскажал како само сакал да пие кафе, но келнерите постојано носеле пијалоци кои тој не ги нарачувал. Кога тој одбил да плати, му се заканиле дека ќе повикаат полиција и ќе му ги наплатат трошоците за преведувачот.

Loading...

Редовно на туристичките форуми може да се читаат поплаки против угостителите, кои не се двоумат буквално да ограбуваат туристи. Впрочем, полицијата веќе извесно време ја следи спорната кафеана, а сега има можност да го фати персоналот на дело.

Истите сопственици водат уште два барови во Будимпешта, од кои едниот е на најпознатата улица Вачи, популарно шеталиште за туристите.