На три локации во кумановско викендов гореше сува трева

Сподели со своите пријатели

Три интервенции во текот на изминатиот викенд бележат пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вечерта на 29ти, во атарот на селото Скачковце горела сува трева. Во период од 20:15 до 21:15 часот на терен интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило, при што огнот бил изгаснат.

Во атарот на селото Романовце, вчера во период од 15:40 до 16:30 часот, тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева.

Сува трева и стрниште, вчера гореле и во атарот на селото Четирце, каде во период од 19:30 до 21:30 часот интервенирале двајца пожарникари.

Никола Ивановски

Leave a Reply