Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележат три интервенции на исто толку локации каде горела запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била регуструрана во 12:20 часот во Железничка станица, каде половина час интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Втората интервенција на запалена сува трева ја бележат во селото Буковљане каде четворица пожарникари гаснеле запалена сува трева во период од 13:00 до 19:45 часот.
Запалена сува трева била гаснета и во село Шупли Камен кај месноста Стари Лозја, каде интервенирале двајца пожарникари со едено противпожарно возило во период од 16:25 до 17:50 часот.
Вкупната опожарена површина, како и причините за пожарот се уште не се познати.
Loading...