Деталите на социјалните мрежи ги открила жена од Копривница која предупредува на неверојатно бизарна детска игра која во секој момент може да заврши фатално.
Имено, таа жена во средата била сведок на страшна сцена која се случила на железничкиот премин што ги поврзува улицата „Света три краља“ и улицата „Планинарска“.
Како што напиша таа, на железничкиот премин што ги поврзува тие улици седеле или лежеле деца на возраст од 9 до 12 години, пишува Подравски.хр.
Исклучително опасна игра се состои од деца кои го чекаат пристигнување на воз кој брзо се движи. Девојчето тој ден за малку ќе настрадало во налет на товарен воз, го чекала да и пријде и не сакала да се оддалечи.
Малото девојче било преплашено и врескало, додека другите ја исмевале.
Наскоро, други корисници на социјалните мрежи коментираа дека станува збор за нов бизарен тренд што се раширил меѓу децата на ТикТок.