Како и повеќето тинејџерки, Амбер Лук се борела со својата самодоверба додека растела.
26-годишната девојка од Бризбејн, Австралија можеби ги исполнила социјалните стандарди за убавина како витка и русокоса млада жена, но, според The Sun, таа сепак го мразела својот изглед.
Во текот на изминатите 10 години, Амбер потрошила неверојатни 24.000 евра на повеќе од 600 тетоважи, а сега на своите пријатели им е позната како „Белиот змеј со сини очи“.
На почетокот на оваа недела, Амбер сподели фотографија од тоа како изгледала пред да покрие 98 отсто од телото со мастило.
Споделувајќи фотографии пред и потоа на Инстаграм, Амбер призна дека во тоа време „мразела сè за себе“.
„Не сакав повеќе да бидам таа личност, па се редефинирав. Започнав да преземам одговорност за своите постапки наместо да го кривам своето ментално здравје. Почнав активно да еволуирам не само како човек, туку својата кожа ја претворив во нешто што можам да го гледам и да бидам толку горда “, објасни таа.
Покрај тоа, Амбер призна дека има уште многу да порасне како личност, но верува дека е на вистинскиот пат кон просветлување.
„Не дозволувајте општеството, вашето семејство, „пријателите“ или некој странец да ви кажува што да правите со вашето тело. Вашето тело е единственото нешто што го добивате во овој неправеден живот – искористете го максимумот од вашето платно“, советува Амбер.
Покрај нејзините тетоважи, Амбер потрошила дополнителни 62.000 евра на екстремни модификации на телото – вклучително и разделување на јазикот, зголемување на градите, филери за образите и усните, зашилени импланти ставени во ушите и бразилско подигнување на задникот.
Најголемата трансформација била во 2020 година, кога Амбер била подложена на 40-минутна процедура за бојадисување на очите во „змејско“ сина боја, што ја направило слепа три недели.