На Табановце запленети 250 грама злато (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Запленети се 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи.

Loading...

 

 

– Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато, информираат од Царинската управа на Македонија.

 

 

Loading...

Како што додаваат, едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден ланец на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле смотани во креп трака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

 

 

Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама.

 

 

Loading...

– Стоката е привремено одземена, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, при што против едниот од патниците ќе биде поднесена кривична пријава, а против другиот прекршочна, стои во соопштението.

Никола Ивановски