На Табановце запленети 1.000 парчиња ковид тестови (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 1.000 парчиња антиген ковид тестови вчера заплениле цариниците на Граничниот премин Табановце, при контрола на автобус кој влегувал во државата, информираат денеска од Царинската управа.

Loading...

 

 

– На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари, стои во соопштението на Царинската управа.

 

 

Loading...

Како што додаваат оттаму, стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски