Зголемена е фрекфенцијата на возила на граничните премини од рано утрово.
– На Граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Од, Автомото сојузот на Македонија, информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
– На ГП Богородица и ГП Табановце задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 мин со можност за зголемување во наредните часови. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во нивното соопштение.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Никола Ивановски

