На Табановце спречен шверц на илјадници монети со археолошка вредност

Сподели со своите пријатели

Над 3.600 монети со археолошка вредност биле откриени кај албански државјани на Граничниот премин Табановце при обид да излезе од државата.

Loading...

– На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, при преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.

– Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка, велат од МВР.

В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски