На Табановце приведени двајца Албанци со фалсификувани исправи

Сподели со своите пријатели

На 01.09.2016 година во 19.00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека патните исправи на В.А. (29) и Т.К. (22), двајцата од Република Албанија, се фалсификувани, односно на истите е извршено механичко бришење на информации за влез во земјите на ЕУ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници, со потврда за привремено одземени предмети, од лицата се одземени патните исправи. Во 19.45 часот лицата и патните исправи се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.