Србин кој бил баран од австриските органи на прогонот преку Интерпол, рано утринава бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Loading...
– На 14.07.2022 во 02.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при извршена пасошка контрола било констатирано дека М.Т.(37) од Р.Србија е на СТОП-листата во оперативната евиденција, на барање на Интерпол-Австрија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски