Државјанин на Република Бугарија во текот на вчерашниот ден, односно во 9:15 часот на Граничниот премин Табановце бил приведен од полициските службеници поради фалсификувани патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено четириесет и осумгодишниот Б.С.С. од Република Бугарија со буарска лична карта и возачка дозвола сакал да ја напушти Република Македонија. Откако била извршена контрола утврдено било дека личната карта и возачката дозвола се фалсификувани, односно во делот на персонализација, фотографијата била вметната со техника на печатење која отстапува од оргиналната.
Истиот е приведен и задржан во Полициска станица и во 09.30 часот и со потврда за предавање на лице е предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.