На Табановце откриени две возила кои вршеле меѓународен превоз на патници без документи

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден полицијата открила две возила кои вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– На 29.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициска станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на патничко возило комби „форд транзит“, со бугарска национална ознака, управувано од Т.Т.(35) од Струмица, било констатирано дека возилото не поседува соодветна документација за меѓународен превоз на патници.

При извршена контрола на автобус, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.И.(31) од Скопје, било констатирано дека возачот не поседува комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.

На двете возила од страна на Државниот инспекторат за транспорт им се изречени соодветни санкции.

Никола Ивановски