На светските берзи цените на нафтата се речиси непроменети

Сподели со своите пријатели

На светските берзи минатата недела цените на нафтата останаа речиси непроменети на неделно ниво, но во текот на неделата имаше осцилација, во зависност од вестите кои можат да влијаат на понудата и побарувачката.

Loading...

На лондонскиот пазар цената на барелот на крајот на минатата недела изнесуваше 80,58 долари, речиси исто како и една недела претходно, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,5 отсто, на 75,55 долари.

На пазарот владее неизвесност во пресрет на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници за производната политика, што ќе се одржи на 30 ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен: Компасот за конкурентност ќе биде рамка за работата на новата Комисија

Тој состанок требаше да се одржи на 26 ноември, но беше одложен за четири дена, што предизвика бран шпекулации за спор околу намалувањето на производството следната година.

Производителите сè уште дебатираат за снабдување, велат извори од ОПЕК +, сугерирајќи дека три африкански земји се во коренот на несогласувањето.

Аналитичарите велат дека Ангола, Конго и Нигерија бараат поголема производствена квота во 2024 година отколку што беше договорено на состанокот на групата во јуни.

Намалувањето на производството ќе биде главна тема на состанокот, со оглед на падот на цените во последните денови поради загриженоста за побарувачката во САД и Кина, но и поради рекордното производство во САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Во петокот, три извори од ОПЕК изјавија дека се блиску до компромис со африканските производители за производството во 2024 година.

Loading...

„Најверојатниот исход се чини дека е продолжување на сегашниот договор за намалување на производството“, вели Тони Сајкамор од ИГ.

Ова е всушност единствениот начин да се одржи цената на нафтата на нивното сегашно ниво бидејќи високите каматни стапки го забавуваат растот на западните економии, што ќе ја ослаби побарувачката за нафта и ќе изврши притисок врз цените.

На лондонскиот пазар цената на барелот е во минус во однос на почетокот на годината за околу 6 отсто, а на американскиот пазар за околу 5,5 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се повеќе Норвежани се за влез во ЕУ, 30 години по референдумот на кој кажаа „не“