На Спомен Костурница одбележани 81 годинa слободно Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница беа одбележани 81 годинa од ослободувањето и 506 години од формирањето на Куманово.

 

 

Свежо цвеќе пред соменикот на паднатите борци положија голем број делагации од Општината,  Армијата на Република Македонија, МВР, Собранието, Секторот за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.

 

 

На одбележувањето присуствуваа бројни делагации на општините збратимени со Куманово, како и претставници на амбасадите.

 

 

Пред присутните се обрати Цоки Ристевски од Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба кој даде историски осврт на ослободувањето на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлична атмосфера на концертот по повод 11ти Ноември (ГАЛЕРИЈА)

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски