Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница беа одбележани 80 години од ослободувањето и 505 години од формирањето на Куманово.
Свежо цвеќе пред соменикот на паднатите борци положија голем број делагации од Општината, Армијата на Република Македонија, МВР, Собранието, Секторот за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.
На одбележувањето присуствуваа бројни делагации на општините збратимени со Куманово, како и претставници на амбасадите.
Пред присутните се обрати Цоки Ристевски од Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба кој даде историски осврт на ослободувањето на градот.
Никола Ивановски