Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница беа одбележани 72 години од ослободувањето на Куманово.
Голем број делагации од Општината, Армијата на Македонија, Министерството за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народно Ослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.
– На 11-ти ноември 1944 година во сабота навечер по долга и крвава борба со балистичките и четничките формации Куманово го доживува својот прв ден на слобода. Ден за кој мечтаеле неговите синови, кои за слободата за својот град ги положија своите животи. Во тоа саботно предпладне во градот, влегоа единиците на 17-та и 18-та македонската бригада и женевскиот баталјон самостојниот на народната одрбрана како и команда на подрачјето. Градот вриеше како во кошница, насекаде се слушаа весели извици, се чувстуваше општа радост. На многу лица блескаа солзи радосници, бидејќи низ улиците на Куманово маршираа единиците на славната народноослободителна војска кои по четири годишна крвава војна ги исполнија идеалите на Перо Чичо, Христијан Карпош, Тане Георгиевски, Доне Божинов, Магдалена Антева и други јунаци, кои силно ја сакаа слободата, рече во своето обраќање Зора Ивановска, член на Сојузот на борци.


