На Спомен Костурница одбележан Денот на македонското востание (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе денеска на Спомен Костурница во Куманово, беше одбележан Денот на македонското востание – 11 Октомври.

 

 

Бројни делегации од локалната самоуправа, претставници на Владата, Претседателот, Собранието на Република Македонија, амбасади, политички партии и  граѓански организаци одадоа почит на борците за слобода.

 

 

Пред споменикот свое обраќање имаше градоначникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој давајќи историски осврт на празникот, повика „да застанеме во одбрана на аманетот“.

– Да застанеме непоколебливо во одбрана на аманетот, спроведувајќи ја светата должност за обединување на сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци во едно праведно општество.  Да се потрудиме да го сочуваме Куманово и нашата богата историја на револуционерен и херојски град, кој долги години одржува мултиетничка средина за пример, преку хармоничен соживот на бројни етнички заедница, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем интерес за изложбата на „олдтајмери“ во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Свеченоста беше збогатена со интонирање на државната химна во интерпретација на хорскиот пејач Дарко Тодоровски, како и со литературно читање на ученички од СОУ „Перо Наков“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски