На смрт го избола својот сосед педофил: Се обидел да ѝ го злоставува синот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сара Сендс од Лондон го убила 77-годишниот педофил кој го малтретирал нејзиниот син, и поради тоа поминала три и пол години во затвор, а откако излегла, доживеала неверојатно искуство.

Loading...

Во средината на 2015 година, во населбата каде живее Сара и нејзиниот син се зборувало дека нејзиниот сосед Мајкл Плистед (77) малтретира деца на улица.

Отпрвин се зборувало дека старецот им дофрлува на момчињата на улица, а потоа приказните ги потврдил пријателот на Сара чиј син Мајкл се обидел да го бакне.

Синот на Сара, Бредли, дошол еден ден видно вознемирен, велејќи дека „чичко Мајкл“ се обидел да го допре и бакне. Мајката остро реагирала и веднаш и се заканила на соседот кој не се грижел многу за тоа. Тој продолжил да ги малтретира децата.

Бредли повторно имал страшно искуство со соседот кој го бркал околу зградата и му рекол дека во одреден момент ќе биде негов.

На Сара тогаш и зоврело, зела кујнски нож, отишла до вратата на соседот и го избола до смрт без да се расправа.

Таа не сакала да започне разговор со соседот. Таа само зела кујнски нож, отишла до неговата врата и го избола со ножот до смрт!

Сара добила три и пол години затвор, и благодарение на фактот што многу мајки од таа област кои пријавиле сексуално вознемирување на Плистед кон своите синови ја бранеа.

Loading...

Таа е на слобода од почетокот на 2019 година, и вели дека сѐ уште ѝ е тешко да се справи со фактот дека убила маж, но верува дека тоа било вистинскиот потег.

Покрај тоа, Сара раскажа што друго и се случило веднаш штом била ослободена.

– Мајките од околината ми приредија незаборавен пречек. Имајќи предвид дека сум херој на целиот регион и заштитник на децата, како и дека се жртвував во името на сите нив, и во корист на децата, ми рекоа дека ќе ми бидат благодарни цел живот. Бев трогната. Не сум доживеала ништо подобро – рекла Сара за порталот Сан.

Нагласувајќи дека го направила тоа што секоја мајка би го направила за своето дете тогаш, Сара сепак нагласува дека не жали за убиството.

– Сите знаевме долго време дека соседот е чуден. Требаше само да имаме некои докази за да го означиме како педофил. За среќа, ниту едно дете не било физички повредено или сексуално нападнато, но тоа се движело кон тоа. Беше прашање на часови, денови, недели кога ќе силува некого. Можеби го сторил тоа без никој да дознае. Се прашував во затворот дали е тоа вистина. Знам дека направив лоша работа, но не сум лоша личност. Го отслужив своето време, време е за нов живот што го живеам со мојот син веќе две години – вели Сара.