На синот му ставила диктафон во ранецот па се запрепрастила од она што го слушнала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Камден Дејвис од Батон Роуг во американската сојузна држава Луизијана бил дијагностициран со аутизам и неговата мајка решила да го запише во училиште наречено Академија Хоуп, кое се рекламира како училиште за лица со посебни потреби.

Loading...

После некое време, неговата мајка Милиса сфатила дека момчето од училиште доаѓа видливо вознемирено и веднаш знаела дека нешто не е во ред.

Поради ова, во 2018 година, кога момчето имало 12 години, му ставила апарат за снимање во училишната торба за да открие што се случува на час, а она што го слушнала ја запрепастило.

Камден бил малтретиран на училиште, но тоа не биле другите деца, како што се сомневала мајката, туку наставниците.

– Сакав да врескам и да плачам затоа што беше навистина лошо. Ми текна помислата да го испраќам син ми таму секој ден без да знам што се случува – рече очајната мајка откако открила како двајца наставници се однесуваат кон нејзиниот син, поради што биле отпуштени од училиштето во кое 12-годишното момче посетувало настава.

Сè започнало кога мајката забележала дека однесувањето на момчето се променило, но не на подобро, туку тој станал агресивен, депресивен и насилен. Таа се пожалила на училишниот одбор, но тие не сториле ништо, па мајката решила да ги преземе работите во свои раце. Таа му ставила диктафон во торбата и снимила што се случува на училиште.

Открила дека нејзиниот син бил малтретиран од двајца професори.

– Да видиме што би сториле со него во јавно училиште. Тој не би издржал ниту една минута – може да се слушне на снимката додека наставникот му се жали бидејќи не пишува и му вели дека не може да седи со други ученици поради тоа.

Loading...

Директорката на училиштето Лиза Стоун веднаш ги отпуштила двајца наставници и се извини за инцидентот.

 

https://youtu.be/tfZ73ghpzzM

Leave a Reply