На што укажуваат различните видови болки во стомакот?

Сподели со своите пријатели

Често, кога не боли во стомачната област велиме дека едноставно нè боли стомак без да размислуваме нешто многу. Стомачните болки сепак се различни и нивната локализација може да ни помогне да сфатиме од што страдаме во моментот.

Loading...

За што укажуваат различните видови абдоменална болка во зависност каде се наоѓаат и какво чувство предизвикуваат?

За здрав сон не е важно колку долго спиете, туку кога си легнувате

Грчеви во долниот дел на стомакот

Грчевите во долниот дел на стомакот, придружени со гасови, надуеност и непријатност може да значат промена на цревната флора, синдром на раздразнети црева или проблеми со дебелото црево. Во секој случај треба да се консултирате со гастроентеролог, бидејќи овие состојби не се безопасни.

Болка ниско долу во стомачната област, придружена со крв при одење во тоалет

Оваа состојба задолжително треба да биде разгледана со лекар, бидејќи крвта во столицата сугерира за сериозен проблем. Може да се должи на чир на желудникот или дуоденумот, воспаленија на дебелото црево како Кронова болест, улцеративен колитис, дури и рак.

Болки во стомакот, придружени со киселини и печење во градбата област

Loading...

Многу често горењето во градната област се поврзува со срцеви проблеми. Тоа сепак може да е предизвикано и од проблеми со желудникот, вклучувајќи чир, воспаление на хранопроводот, грлото, гастроезофагеален рефлукс или киселински рефлукс, гастритис.

Што да избегнуваме на „празен“ стомак?

Болки во областа на папокот

Болките околу и под папокот можат да се должат на прекумерна потрошувачка на масна храна и масните наслаги како последица на нив. Високите нивоа на естроген исто така може дабидат причина за овој вид болки. Покрај нив болките околу папокот можат да укажуваат на присуство на камења во жолчката.

Печење и болки високо во областа на стомакот

Овие болки обично зборуваат за чир, акутен или хроничен гастритис, особено ако се провоцираат по јадење на некоја храна или пиење на вода. Придружени се со товар, оток, губење на апетит и тежина.

Во полесни случаи може да станува збор за ерозија на слузницата на желудникот. Овие состојби често се предизвикани од бактеријата наречена Helicobacter Pylori. Покрај неа причини можат да бидат употреба на нестероидни антиинфламаторни апчиња аспирин и други лекови, агресивно иритирачки желудечната слузница.

Придобивките од црвеното вино – го олеснува воспалението на дишните патишта

Loading...

Ненадејна болка на левата страна на абдоменалната празнина

Оваа болка најчесто се јавува кај возрасни луѓе и сугерира за дивертикулитис – вид воспаление на дебелото црево. Придружните симптоми вклучуваат подуеност, болки и грчеви, запек. Честа причина за појавата на дивертикулитис е недостатокот на влакна во менито.

Болките, придружени со грчеви и желба за свивање на десно можат да значат испукан апендицитис хроничен или акутен апендицитис без пукање, жолчна криза или заболување на црниот дроб.

Leave a Reply