Големата американска банка „ЈП Морган“ оценува дека на руската економија ѝ оди подобро од очекуваното по воведувањето на западните санкции и дека Русија ќе се соочи со „плитка“ рецесија, иако долга.
Банката наведува дека истражувањето за деловното расположение во земјата сигнализира „не премногу длабока рецесија“ во Русија.
РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица
Првите западни очекувања по санкциите беа дека руската економија ќе пропадне.
„ЈП Морган“ првично предвиде дека БДП на Русија ќе се намали за 35% во вториот квартал во однос на претходниот и за 7% до крајот на годината.
Сепак, банката им кажа на клиентите дека руската економија е во подобра состојба од очекуваното, наведувајќи ги деловните истражувања и високофреквентните индикатори како што се потрошувачката на електрична енергија и финансиските текови.
РЕКОРД: Лани во Америка од предозирање починале 107.000 лица
„Достапните податоци не укажуваат на остар пад на активноста – барем во моментов“, заклучуваат аналитичарите на JP Morgan.
Според сегашната прогноза, БДП на Русија во вториот квартал најверојатно ќе биде повисок од прогнозата во март.