На прв поглед обична 70-годишна баба, на втор поглед – фитнес мајстор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Марлен Флаверс е име кое во последно време ги инспирира луѓето ширум планетата.

Loading...

Таа е навидум слатка баба во своите 70-ти години, а за неколку секунди од видеото се претвора во вистинска фитнес ѕвезда.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

 

Пред седум години почнала активно да тренира, откако дознала дека има голем проблем со исхраната кој ѝ штети на здравјето.

– Кога имав 58 години морав да се оперирам поради состојбата во која се наоѓав поради проблеми со исхраната. После тоа искуство знаев дека морам итно да променам нешто. Тогаш се вклучив во теретана и станав нејзин најголем обожавател – вели таа, пренесува „The Sun“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ослободете се лесно од главоболка со помош на овие намирници

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

 

Марлен почнала да вежба и да се храни здраво, а потоа пред три години открила посебна „љубов“ кон кревањето тегови.

Бабата сега има импресивен сет на мускули кои ги нарекува „бабини пиштоли“.

Нејзиниот син е нејзин личен тренер, со чија помош сега е редовен учесник на натпреварите во бодибилдинг.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johny Münster (@johnymuenster)

 

Loading...

Марлен го документира своето фитнес патување на социјалните мрежи и стана вистинска инспирација за многумина.

Сега нејзините видеа броат дури и до 15 милиони прегледи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вклучете ја оваа супер храна во вашата исхрана и намалете го ризикот од срцев удар

– Не мора да имате неверојатно тело за да вежбате и да се грижите за себе. Целта е да се чувствуваме добро, а не да изгледаме според денешните стандарди – „фантастично“. Вежбањето може да биде тешко, но штом го направите, се чувствувате многу подобро. Кога ќе не успеете во нешто, станете и обидете се повторно. Таму каде што има труд, има и шанса за успех – им порачува оваа баба на своите следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

 

Во едно видео таа откри дека често добива коментари дека е „преостара“ за тренинг и теретана, а потоа со видеа со тегови докажа дека никогаш не е доцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите во случај на паника

Оваа супер-баба продолжува да крева тегови, да прави слатки видеа со колегите бодибилдери и да прави нови фанови на социјалните мрежи со насмевка.

Loading...