На прославата во Пелинце утре да се пристигне најдоцна до 09:30 часот

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово ги известува граѓаните дека по повод Државниот празник 2-ри Август како и одржувањето на свечена манифестација во Меморијалниот центар АСНОМ во сселото Пелинце, општина Старо Нагоричане, на подрачјето на општина Куманово и Старо Нагоричане режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување.

– Воедно ги информираме граѓаните кои сакаат да присуствуваат на свеченоста што ќе започне во 10,00 часот , навремено односно до 09,30 да пристигнат во Меморијалниот центар Пелице. Во оваа прилика уште еднаш укажуваме на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, стои во дописот од СВР Куманово.

Инаку на свеченоста ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Leave a Reply