На продажба одат сите киосци на градскиот плоштад ”Маршал Тито”

Сподели со своите пријатели

Акционерското друшто за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, го објави вториот пакет на продажба на деловни простории во сопственост на Република Македонија. Се работи за 100 деловни простории во различни градови низ државата.

Loading...

Имено најголем дел од деловните простории се наоѓаат во Скопје, и тоа на 34 простории на различни локации, во Куманово 12 деловни простории, во Прилеп 8, Велес 6, Гевгелија, Валандово и Струмица по 4 деловни простории, 3 во Битола, Кавадраци, Кичево и Штип, итн.

Инаку, ова година во февруари, Министерството за транспорт и врски објави јавен оглас за 11 деловни простории кои се нудат на продажба во Куманово, додека сега на вториот повик, на продажба се понудени нови 12 локации.

На продажба се деловни простори, и тоа една просторија на ул.11-ти Октомври Б.Б., приземје, влез 1,  на ул.Браќа Рибар Б.Б., приземје со пом.прост., влез 1,  шест локали ул.Маршал Тито Б.Б., приземје, влез 1, локал 1.

Loading...

 

На продажба се  и локал на ул.Страшко Арсов бр.10/3, подрум (гаража), влез 1, два локали на ул. Титова Митровица и еден локал на бул. Октомвриска Револуција.

 

Сите заинтересираните физички и правни лица мора да поднесат пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, за секој деловен објект поединечн и тоа најдоцна 30 дена од денот на објавата, по електронски пат на интернет страната: www.deloven–prostor.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи по електронски пат на следната интернет страна: www.deloven–prostor.mk.

Loading...

Во првиот пакет локали на продажба во сопственост на РМ, во Куманово на продажба беа сегашната Градска пекара, поранешниот салон на АЛФИ,  два напуштени деловни објекти на бул. Октомвриска револуција, со почетна цена од 886 и 920 евра по метар квадратен и уште некои локали.