Во Москва денеска се одржа генерална проба на Парадата на победата посветена на 77-годишнината од победата во Големата патриотска војна, која ќе се одржи на 9 мај.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека на пробата учествувале 11.000 војници, 131 единица современа воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери.
Парадната единица на учесниците во воената интервенција во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, помина низ Црвениот плоштад со воени возила, а тоа го соопшти спикерот при минување на механизирана колона, пренесува РИА Новости.
Исто така, осум авиони МиГ-29СМТ во воздух ја направија буквата З, која руските сили во Украина ја користат како знак на препознавање.
За Москва, тој збор стана еден од симболите на интервенција против Украина.