На Прешево ноќва пристигнале 5000 мигранти – Гевгелија повторно преплавена

Сподели со своите пријатели

Како јавува РТС, во прифатниот центар во Прешево рано утринава пристигнале 2000 нови мигранти. Во селото Миратовац од Македонија пристигнале уште 2000. Истите до Прешево се превезуваат со автобуси и постојано пристигнуваат нови групи, додека некои доаѓаат и пешачејќи.

Loading...

Од друга страна Танјуг пак пренесува изјава на Јасмин Реџепи од НВО „Легис“ во која тој вели дека Единицата за брзо распоредување во соработка со локалната полиција во Гевгелија организирала превоз за сите мигранти кои се нашле во градот. Тој вели дека превозот е неофицијален, но дека се работи за 5000 лица.

Migranti-autobusi

– Тоа значи дека скоро сите автопревозници од сите страни на Македонија се дојдени за да ги превезат мигрантите до српската граница. Имавме десетици и десетици автобуси, сигурно над 50, исто така и минибусеви и такси возила. Она што е важно дека мигрантите го плаќаат превозот, како и до сега. Овие луѓе скоро ја окупираа Гевгелија, тука имаше „поплава“ од луѓе, сигурно над 5000 мигранти се веќе влезени во овој град, а возовите примаат колку можат. – вели Реџепи за Танјуг.

Но, и покрај тоа што ноќва организирано беа „извезени“ огромен број мигранти од Гевгелија, утринава на железничката станица повторно има неколку илјади мигранти кои ги чекаат вонредните возови кон Табановце.

Фото: Танјуг