На повеќе локации во Куманово вчера гореле сува трева и стрништа

Сподели со своите пријатели

Сува трева и стрниште вчера им задале полни раце работа на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција кумановските пожарникари ја имале во населбата Карпош каде била опожарена сува трева. Тројца пожарникари го гаснеле огнот во период од 09:42 до 10:30 часот.

Сува трева горела и во населбата Долно Којнаре каде во период од 11:50 до 13:15 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

 

На повеќе локации во Куманово вчера гореле сува трева и стрништа

 

Двајца пожарникари гаснеле запалено стрниште вчеравечер во атарот на селото Вакв. Интервенцијата траела од 19:10 до 20:50 часот.

Уште една интервенција пожарникарите бележат во кумановската населба Карпош каде на улицата „210“ било опожарено стрниште. Таму двајца пожарникари интервенирале од 23:50 до четириесет минути по полноќ.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply