Скоро еден метар изнесува снежната покривка на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поточно 97 сантиметри биле измерени утринава, додека само три сантиметри во Маврови Анови, два во Берово и еден сантиметар во Ѓуриште.
Кога станува збор за врнежите, најмногу дожд вчера наврнал во Струмица, 13 литри на метар квадратен, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, а 7 во Демир Капија.
Во утринските часови во североисточните делови денеска ќе има слаб локален снег.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Никола Ивановски

