На пациент му ампутирале погрешна нога, откриле на рутинска контрола, па му ја исекле и другата

Сподели со своите пријатели

Жена хирург во Австрија е казнета поради ампутација на погрешна нога на пациентот минатата година.

Loading...

На постариот пациент наместо левата му е отстранета десната нога, а грешката е откриена дури два дена подоцна – пренесува Би-Би-Си.

Судот во Линц го прогласи за виновен хирургот (43) за крајно невнимание и го казни со 2.700 евра.

Отштета од 5.000 евра и е досудена и на вдовицата на пациентот, која почина пред случајот да стигне до судот.

 

 

Пациентот минатиот мај ја посетил клиниката во Фрајштат за да му ја ампутираат ногата, но хирургот означил погрешен екстремитет за ампутација, пренесува АФП.

Loading...

Грешката била идентификувана при рутинска промена на завој и на пациентот му било кажано дека ќе мора да му ја ампутираат другата нога.

Од болницата тогаш соопштија дека инцидентот се случил како „резултат на низа несреќни околности“.

Директорот на болницата јавно се извини на прес-конференција.

На суд, хирургот рече дека имало грешка во синџирот на команда во операционата сала.