Да се доживеете деведесеттата година претставува вистински феномен во поголемиот дел од земјите во светот.
Очекуваниот животен век на светско ниво е 71,4 години, што значи дека на одредени места луѓето сепак живеат и подолго. Ви ги пренесуваме токму тие местаи во што е тајната на нивната долговечност.
- Сардинија, Италија
Тајната на нивната долговечност е здравата исхрана, физичката активност и семејната поврзаност, поради што имаат најголема концентрација на мажи стогодишници во светот.
https://www.instagram.com/p/BlkrmWHFU1b/?utm_source=ig_embed
Најдолго жвиеат оние кои се занимавале со сточарство, односно пастири кои чувале овци и пешачеле секојдневно со нив осум до девет километри, но и оние кои имаат женски деца.
Посебниот генетски маркер М26 кој се пренесува низ генерациите, исто така е заслужен за долговечноста, а се пренесува од генерација на генерација.
- Окинава, Јапонија
Клучот всушност е во почитувањето и важноста на семејните односи. Жителите на Окинава семејството се на прво место, а тоа е поради нивната култура.
https://www.instagram.com/p/Blox_UhnAT_/?utm_source=ig_embed
Жителите имаат поддршка од своите „моаи“, цврство поврзани семејни заедници, чиј секој член има поддршка од другите во сите животни успони и падови.
Токму поради намаленото ниво на стрес на Окинава живеат најстарите жените во светот, од кои многумина надминуваат сто години.
- Никозија, Костарика
Сите сме навикнати да купуваме готова храна, иако знаеме дека не е добра за нашиот организам. Кога би знаеле дека тоа влијае на долговечноста веројатно веднаш ќе престанете. Жителите на Никозија избегнуваат да јадат обработена храна.
https://www.instagram.com/p/iIFbsIK3Q-/?utm_source=ig_embed
Тие најголем број од калориите внесуваат низ пченка, тиква и тропски овошја. Со ова аисхрана, добар број часови минуваат во комбинација со дневните активности и тоа им помага во зачувувањето на здравјето.
- Лома Линда, Калифорнија, САД
Како што веќе наведовме исхраната и тоа како е важна за долговечноста, таа тајна ја знаат и жителите на калифорнискиот град Лома Линда, кои живеат десет години подолго од останатите Америакнци.
Многумина од нив избегнуваат месо и јадат доста зеленчук, интегрални житарици и јаткасти плодови. Покрај исхраната, нагласување на важноста на заедницата на споделување се покажало како добитна комбинација.
- Икарија, Грција
Секое трето лице на овој грчки остров доживува деведесетта, благорадение на исхраната која се состои од овошје, компир, маслинки, како и медитеранските навики. Жителите на Икарија заминуваат доцна на спиење, но тоа го надополнуваат со дневна дремка, а хронични болести тука скоро и да не постојат.
https://www.instagram.com/p/BimaMrQAxmT/?utm_source=ig_embed