Променливо облачно со повремен локален дожд е временската состојба која синоптичарите ја најавуваат за денеска.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во јужните делови облачно со пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток. Максимална температура од 17 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд кои во попладневните часови можат да бидат и пообилни. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени.
Под влијание на циклонска активност до четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/м2 дожд. Од петок времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура.