Бразилскиот репрезентативец Нејмар ќе мора на суд после што е одбиена неговата последна жалба на обвинението поради корупција поврзано со неговиот трансфер од Сантос во Барселоона во 2013 година.
Освен Нејмар, тужба вложија Барселона, Сантос и компанијата која ја водат родителите на Нејмар, но се е отфрлено и сега следи судење.
Инвестиционата група ДИС тврди дека уште и припаѓаат 40 % од трансферот во кој Барселона го доведе Нејмар од Сантос, а на тужба се одлучиле бидејќи добиле само мала оштета додека останатите пари припаднаа на обвинетата страна.
Шпанското обвинителство од Националниот суд во Мадрид за Нејмар и неговиот татко бараат казна од две години затвор и парична казна од 10,6 милиони долари, од Барселона девет, од Сантос седум милиони долари.
ДИС тврди дека во 2009 година платил 1.4 милиони за 40 % од правата на Нејмар, а од таа група порачаа дека се скратени за правата за надокнада од трансфер.
Барселона тогаш наведе дека трансферот беше вреден 57,1 милиони евра, дека на Нејмар припаднале 40, а на Сантос 17,1 милиони, од кои компанијата ДИС доби 6.8 милиони.
Меѓутоа, шпанскиот суд наведе дека трансферот всушнот беше тежок 83,3 милиони евра, што е причина што ДИС се жали и ги обвинија Нејмар и Барселона дека го приклиле вистинскиот износ и испратиле уште помалку пари.
Тешко е да се верува дека Нејмар навистина ќе заврши во затвор, но голема парична казна е нешто што го очекува.
СуперСпорт.мк
Loading...