Од вчера на МРТВ започна емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“.
Трите канали на националниот телевизиски сервис ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат на училиште. Наставници ќе ги предаваат лекциите кои во овој период требаше да бидат совладани согласно наставните планови и програми.
Додека за децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.
Првата емисија на македонски јазик започнува во 10:30 часот на МТВ 1 и во 12:15 часот на МТВ 2 на албански јазик, а ќе биде посветена на хигиената, како тема која е секогаш исклучително важна, но особено во овој период таа важност мора да биде подигната на највисоко ниво.
Секој ден ќе бидат најавувани емисиите и темите кои ќе бидат обработувани утредента.
Министерството за образование и наука упатува апел до сите ученици да ја следат програмата и корисно да го исполнуваат времето кое го поминуваат дома, додека училиштата и градинките се привремено завторени. Образованието е нивниот најдобар интерес и процес кој не смее да трпи застој!
Интегрално соопштение: Министерство за образование