Горан Амадеус Стојановиќ од Куманово реализираше импресивно моторџиско патување, притоа поминувајќи над 10.000 километри од Куманово до Иран.
Во текот на оваа авантура, Стојановиќ поминал две недели во Иран, каде што посетил повеќе значајни локации, меѓу кои и древниот град Персеполис – симбол на Персиската империја, кој во 330 година п.н.е. бил освоен, ограбен и запален од Александар Македонски.
Во интервјуто што следува, Стојановиќ открива детали од патувањето, личните впечатоци од Иран и особената гостољубивост на иранскиот народ, која, како што вели, оставила длабока трага во неговото искуство.
Патувањето, освен физички предизвик, претставувало и културна и историска експедиција која го поврзала минатото со современиот дух на една држава што ретко се наоѓа на мапата на индивидуални патувачи од регионот.
Никола Ивановски