Група италијански џепчии беше уапсена на Миконос.
Тие главно ги ограбувале плажите, користејќи како мамка две полуголи девојки во танга кои го одвлекувале вниманието на потенцијалните жртви.
Целта на „танга бандата“ биле претежно туристи на плажите и баровите, а ги интересирале нивните паричници, злато, кредитни картички.
Тие ги намамувале своите жртви со помош на две девојки во провокативни танга и ги ограбувале без тие да забележат.
За нивна несреќа, тие избрале и двајца млади Италијанци како жртви, кои се покажале како полицајци, на краток одмор на Миконос, кои веднаш ја препознале нивната шема.
Во исто време, американски турист, чиј скапоцен телефон бил украден, успеал да го лоцира на плажата каде што биле крадците со помош на ГПС, па локалната полиција била алармирана, а членовите на бандата, две жени и двајца мажи, наскоро завршиле зад решетки.