На Мета ѝ се заканува нова драконска казна од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Денеска Европската унија ќе ја предупреди американската технолошка компанија Мета, сопственик на платформите Фејсбук и Инстаграм, дека нејзината политика кон потрошувачите наречена „плати или прифати“ е кршење на Законот за европски дигитални пазари (ДМА), пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори од Брисел.

Loading...

Корисниците на компанијата Мета сега можат да плаќаат за услугата на дигиталните платформи без да следат активности и реклами или да ја користат услугата бесплатно под услов да се согласат компаниите да ги користат нивните податоци за рекламирање.

Мета може да биде казнета и принудена да плати дури 10 отсто од својот глобален годишен приход доколку не ги почитува европските закони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Автобус удри во хотел во Барселона: Шест лица се повредени (ВИДЕО)

Доколку прекршувањето на законот се повтори, Мета ќе мора да плати до 20 отсто од глобалниот годишен приход.

Американската технолошка компанија смета дека нејзиниот бизнис модел е „плати или прифати“ во согласност со Законот за дигитални пазари и додаде дека со нетрпение очекува „понатамошен конструктивен дијалог со Европската комисија за да се стави крај на оваа истрага“, пренесува Танјуг.

Минатата недела, Европската унија, исто така, го предупреди Apple за прекршување на DMA и изјави дека компанијата од Купертино мора да им дозволи на програмерите да ги насочуваат корисниците кон пазарења надвор од продавницата за апликации на Apple.