На лото освоил 11,3 милиони евра, но поради сопствена грешка останал без нив

Сподели со своите пријатели

Играч на ЛОТО во Германија, кој освоил 11,3 милиони евра пред три години, не ги повлекол освоените пари и му истекол рокот за подигање на високата премија.

Loading...

Рокот за подигање на добивките истече на почетокот на оваа година, објасни директорот на државната лотарија, Георг Вакер, наведувајќи дека сега таа сума ќе биде префрлена во фондот за награди за специјалното извлекување.

Играчот на ЛОТО, кој сега ги загуби своите добивки, ја погодил добитната комбинација уште во април 2017 година.

И покрај редовните јавни повици на организаторите, никој не се пријавил.

Според Вакер, ова е првпат никој да не оствари толку голем профит.

Играчите на лото во Германија имаат можност да ги земаат своите добивки во рок од три години, а пред 2016 година, тој рок беше само 13 недели.

Leave a Reply