На лотарија освоил милион фунти, па им приредил изненадување на другарите

Сподели со своите пријатели

Татко на две деца од градот Бриџ Ерне, во округот Першир на југозападниот дел на Шкотска, Дејвид Краудер, кој исто така е поранешен полицаец, освоил дури 1,02 милиони фунти на извлекувањето на поштенската лотарија на 27 април.

Loading...

Среќата од добивката ја споделил со десет соседи, кои добиле и на лотарија.

„Убаво е за мала, тесна улица, одлично за целата област“, ​​изјави Дејвид.

Дејвид, кој сега е сезонски возач за голф компанија, рече:

„Постојано си играм со момците и би сакал сега да ги почестам со патување некаде убаво. Ние сме пријатели многу, многу години и игравме многу во Шкотска. Веројатно сега ќе гледам да организирам патување за нас на некој мастерс турнир, ако не да играме, тогаш да гледаме“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Како што додаде, „сакам да правам работи за добротворни цели“.

„Нема причина да не се продолжи со игрите на среќа. Никогаш не ме воделе парите и отсекогаш сум бил добротворен тип. Ако не можете да им помогнете на другите луѓе, тоа е тажно“, додаде тој.

Другите двајца најдобри победници во ждрепката на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи освоија по 340.000 фунти.

Loading...

„Не знам како се чувствувам. Јас сум шокиран. Мислев дека 15.000 фунти, па дури и 5.000 фунти ќе бидат многу… Апсолутно сум зачуден“, изјави Дејвид.