На Квинсленд му се закануваат поплави

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици Австралијци добија инструкции да ги евакуираат своите домови бидејќи државата Квинсленд се соочува со нова вонредна состојба поради поплавите.

Loading...

Денеска беа издадени повеќе од десет предупредувања, во кои од жителите на одредени региони се бара да ги исчистат своите домови и да се евакуираат, доколку е потребно, јави Би-Би-Си.

 

Северна Кореја пријави починати од коронавирусот брзо откако ги регистрираше првите случаи

 

На почетокот на неделава едно лице го загуби животот поради поплавите.

Системот на бура сега се пресели во најнаселениот јужен дел на Квинсленд, каде се наоѓа главниот град Бризбејн.

Во февруари Квинсленд беше уништен од поплави кои однесоа 13 животи и зафатија 20.000 домови, пренесува Танјуг.

Loading...

Уште девет лица загинаа во поплавите во соседната држава Нов Јужен Велс.

 

Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот

 

Метеоролозите предвидуваат дека ќе бидат поплавени неколку реки.

Некои градови во долината Локер западно од Бризбејн веќе се под вода, а главниот автопат е отсечен.

Градоначалничката на долината Локјер, Тања Милиган, рече дека се очекува да бидат погодени 260 домови во регионот откако 68 беа поплавени во февруари.