На јутјуб објавени две „бомби“ за затворањето на А1 ТВ

Сподели со своите пријатели

На Јутјуб канал со име Fenix-A1се објавени се две нови снимки од разговори од како што е наведено поранешни функционери кои објавувачот ги насловил „Вистината за А1“

Loading...

Првата снимка е во траење од 3 минути и 52 секунди и во неа, како што наведува објавувачот, се слушаат гласовите на експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.

 

 

Тие зборуваат за случајот „Пајажина“, во кој беа обвинети Велија Рамковски, членови на неговото семејство и раководствата на неговите фирми од „Перо Наков“.

Втората снимка е со траење од 7 минути и 2 секунди,и повторно, како што се посочува,  станува збор за А1 ТВ, а во неа според објавувачот се слуша разговорот на Горан Трајковски, како директор на Управата за јавни приходи и новинарот Драган Павловиќ Латас. 

Виолета Геров

Loading...

Leave a Reply