На источниот брег на САД, во Вермонт започна изборниот ден

Сподели со своите пријатели

На источниот брег на САД, во сојузната држава Вермонт, во пет часот по локално време беа отворени гласачките места, со што и официјално започна изборниот ден за новиот американски претседател.

Loading...

Во следните неколку часа гласачките места ќе бидат отворени во сојузните држави Конектикат, Њујорк и Вирџинија, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Во градот Диксвил Ноч во американската држава Њу Хемпшир денеска официјално беа пребројани првите шест гласачки ливчиња на претседателските избори.

Од шесте регистрирани гласачи во тој град, три гласа беа за потпретседателот на САД и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис, а три гласа за поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, објави ABC.

Во понеделникот, последниот ден од кампањата, Харис и Трамп одржаа митинзи во Пенсилванија кои се сметаат за клучни за одредување на исходот од претседателските избори.