На Иран му се заканува петти бран зараза: Делта сојот носи опасност, а вакцини нема доволно

Сподели со своите пријатели

Иранскиот Претседател Хасан Рохани изрази страв дека на земјата и се заканува петтиот бран на епидемија на коронавирусот поради ширењето на делта сојот.

Loading...

„Постојат стравувања дека ќе се соочиме со петтиот бран на епидемија низ целата земја“, рече Рохани на состанокот на работната група за вирусот корона, објави Ројтерс.

Тој повика на претпазливост бидејќи делта сојот се прошири на јужните провинции.

Повеќе од 84.000 луѓе починаа од вирусот во Иран од почетокот на пандемијата, а главниот град Техеран и уште девет градови се во „црвената“ зона.

Провинциите на југ и југоисток од земјата се исто така во црвената зона.

Иран тврди дека нема доволно вакцини за 83 милиони жители поради американските санкции кои го комплицираат трансферот на пари на странски компании.

Според иранското Министерство за здравство, нешто повеќе од 4,4 милиони луѓе ја примиле првата доза, а само 1,7 милиони Иранци ги примиле двете дози на вакцината.

Leave a Reply