Токму на еден од најголемите македонски празници – Илинден, во сабота од 19:30 часот ќе се одржи свечено отварање на реконструираната Спортска сала Куманово.
На свеченоста ќе прусуствува градоначалникот Максим Димитриевски и премиерот Христијан Мицкоски, како и бројни гости од државниот врв.
Половина час подоцна, точно во 20 часот ќе започне кошаркарскиот натпревар помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и Романија како претквалификации за Светски куп 2027.
Влезот за граѓаните ќе биде слободен.
Дел од граѓаните имаа веќе можност да проследат кошаркарски натпревари за време на Европската младинска олимпијада која се одржа во Куманово, но поради строгиот протокол на Олимпискиот комитет, свеченото ре-отварање не можеше да се одржи.
Никола Ивановски