На градскиот плоштад одбележан Денот на Европа (фото)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и Европската делегација во Република Македонија денеска на градскиот плоштад го одбележаа Денот на Европа 9ти мај, но и победата над фашизмот.

Сите активности кои што се преземени во организација и соорганизација на општина Куманово сите институции образовни и јавни  од општината во соработка со Инфо точката и со Европската делегација кои што обезбедуваат одредени средства  се организира овој хепенинг на плоштадот. Секогаш се практикува да одредени неколку членки на ЕУ  извршат презентација пред граѓаните на Куманово,  а оваа година како презентери се државите Шпанија, Германија, Италија, Австрија и Кипар. Им стои на располагање и ќе биде пред штандот да даде некои информации, а има и промотивни материјали на штандовите  обезбедени од амбасадите кои им служат на граѓаните односно ќе можат слободно да ги земат,  да се информираат , да добијат информации и слично во амбасадата во конзулатите и сите други потребни информации што сакаат да ги добијат за одредената земја. Тука се вкучени повеќе невладини организации ,  а носител на активностите тука се мулти култи и цид кои што имаат со нивните волонтери презентација на државите , застапени се скоро сите основни училишта – изјави Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции при Општина Куманово.

????????????????????????????????????

На манифестацијата гост беше и заменик амбасадорот на Кралство Шпанија, Фернандо Лопез де Каридо кој вели дека е големо задоволство на овој ден да се биде во Куманово.

Денес прославуваме 60 години од воспоставување на Европската Унија и 2017 година претставува исто така 30 години од кога мојата земја е членка на ЕУ. Како што кажа градоначалникот ЕУ се создаде во 1967 година за да се избегне големата катастрофа која се случувала претходно. Во изминатите 60 години е создаден простор на слобода на движење, слобода на мислење, просперитет и добробитие за целиот народ. Шпанија ја посакува и поддржува од самиот почеток европската перспектива на Македонија и очекуваме дека на тој пат силно ќе зачекори и ќе стигне до целта – вели де Каридо.

 

????????????????????????????????????

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски се надева дека државата ќе зачекори по патот на интеграциите со цел подобрување на демократските процеси.

На денешен ден заврши најголемото зло во човечката историја и од тука започнува да се гради новиот систем. Со првиот договор помеѓу Германија и Франција отпочна првата Унија на јаглен, Европската економска заедница, во 1993 година се формира Европската Унија која сега брои 28 членки. Таа унија гарантира безбедност, просперитет, владеење на правото, владеење на човековите права и слободи и слобода на медиумите, тоа се основни атрибути на една демократска и просперитетна држава, затоа патот на Македонија е таму, во европските интегративни процеси и европската иднина на Македонија е сигурен пат кон европската безбедност и стабилност. Затоа сум среќен што денеска овие млади деца ќе покажат како се сака Македонија и како сме цврсто определени да ја градиме иднината – изјави Дамјановски.

????????????????????????????????????

Манифесацијата ја збогатија и најмладите кумановци и кумановки кои преку песна и игра ја одбележаа слободата, демократијата и роденденот на Европа.

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????
????????????????????????????????????