На ГП Табановце приведен државјанин на Албанија

Сподели со своите пријатели

Вчера во 21,35 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Република Македонија со автобус допатувал Н.С.(33) од Церјан – Албанија, државјанин на Албанија.

По извршена пасошка контрола констатирано било дека патната исправа на лицето е фалсификувана, односно на две страници е прелепуван дел од друга патна исправа со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европска Унија.

Лицето е приведено и предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply