На ГП Табановце откриени автобуси кои возеле без лиценци

Сподели со своите пријатели

Две возила вчера биле откриени на Граничниот премин Табановце дека вршат превоз на патници без соодветни дозволи.

Loading...

– На 22 и 23.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од с.Мојанци, општина Арачиново и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(37) од Тетово било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Никола Ивановски