На Фејсбук се пофалила со вереничкиот прстен, но сите го забележаа само овој детаљ

Сподели со своите пријатели

Една жена неодамна реши да се пофали со свршеничкиот прстен со неколку фотографии на Фејсбук, наивно мислејќи дека следбениците нема да го коментираат нејзиниот лош маникир, но во коментарите на нејзината објава прстенот никој не ни спомна …

Loading...

– Дами и господа, конечно дојде време и јас да блеснам… – напиша таа во приватната Фејсбук група Thatsimringshaming покрај фотографијата од нејзината рака со голем дијамантски прстен на прстот

Се разбира, не ѝ требаше многу време за нејзиниот профил да биде преплавен со коментари, сите фокусирани на лош маникир и предолги вештачки нокти обликувани „во шпиц“ и обоени во златна боја со светки.

 

 

– Извинете но не можам да се концентрирам на прстенот, воопшто не го гледам… – напишала една од придружничките, а повеќето од другите не биле толку ‘фини’.

„Малку ми беше лошо сабајлево, сега твоите нокти ме тераат да повраќам“, брутално искоментира друг.

Loading...

– Морам да ја пофалам техниката и изведбата на маникирот, очигледно се уште добро се држат – саркастично заклучила придружничката, а веридбата и прстенот на авторот повеќе не биле тема за никого, пренесува The Sun.